Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на „директни разговори“ меѓу Украина и Русија во рамки на 30-дневен прекин на огнот, што од Москва го побараа Европејците, Американците и Украина.
Во случај на 30-дневно примирје, започнуваме директни разговори меѓу Украина и Русија, изјави Макрон за француските медиуми додека патуваше со воз за Киев.
Подготвени сме да помогнеме, додаде францускиот претседател.
Тој предупреди дека ќе има дополнителни, „многу поостри“ санкции ако Москва не го прифати прекинот на огнот.
Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер утрово пристигнаа во Киев заедно со полскиот премиер Доналд Туск, за да изразат поддршка на Украина.
Посетата е симболичен одговор на комеморацијата на 80-годишнината од победата над нацистичка Германија, која вчера се одржа на Црвениот плоштад, со учество на рускиот претседател Владимир Путин и дваесетина странски лидери, меѓу кои и кинескиот претседател Си Џинпинг.
Ново на Сител
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран
-
Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник
-
САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност
-
Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја