Свет
11. March 2022 - 22:01

Макрон: Путин сакаше да ја врати војната во Европа

Изборот на Русија, на претседателот (Владимир) Путин, беше да ја врати војната во Европа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на крајот од Самитот на ЕУ во Версај.

Како што јави дописникот на МИА, Макрон вети дека ќе понуди економска и хуманитарна поддршка за Украина.

– Франција ќе го земе своето учество, се надевам дека механизмите за солидарност ќе можат да се воспостават, наведе Макрон.