Макрон: Преспанскиот договор ѝ дава надеж на Европа дека дијалогот носи резултати
Договорот од Преспа е одличен пример за Европа и порака на надеж за сите нас дека дијалогот води до резултати, порача францускиот претседател Емануел Макрон за време на прес-конференцијата на крајот од Петтиот Самит на земјите од Југот што се одржа на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.
– На крајот, дозволете ми да кажам неколку зборови, за да ги споменам Алексис Ципрас и Зоран Заев, кои заедно се договорија за името Северна Македонија со усвојувањето на Договорот од Преспа. Тоа е одличен пример за Европа и порака на надеж за сите нас, за тоа што може да понуди способноста на дијалог и дијалогот меѓу луѓето кои сакаат да најдат решение и дава многу надежи за Европа и секаде каде што постојат несогласувања. Ова ни дава кураж да кажеме дека дијалогот води до резултати, рече Макрон.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар