Макрон-Пленковиќ: Промена на преговарачката методологија – предуслов за старт на преговорите со Македонија и Албанија

Проширувањето на ЕУ и промената на методологијата на пристапниот процес, што е предуслов Франција да се согласи на почеток на преговори со Македонија и Албанија, биле едни од главните теми на средбата на францускиот претседател Емануел Макрон со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Париз.
– Разговаравме за отворањето на преговорите со Македонија и Албанија, како да се направи напредок во модификацијата на методологијата на пристапните преговори и пред Самитот (на Европската унија и Западниот Балкан во мај) во Загреб…, за да создадеме атмосфера и оние земји кои имаа резерви, да се согласат на продолжување на процесот на пристапување. Тоа беше суштината на нашиот разговор на оваа тема, изјави Пленковиќ по работниот ручек со Макрон во Елисејската палата.
Макрон изјави дека сака Самитот во Загреб да биде успешен и дека промената на методологијата на преговарачкиот процес е предуслов за започнување преговори со земјите кандидати за членство во ЕУ.
– Ги споделувам вашите напори да постигнете единство на Самитот во Загреб во мај и тој да биде успешен за Европа. Франција предложи нова методологија, со цел процесот на проширување не биде само бирократски процес, туку вистински политички пат напред кој може да биде и забрзан и реверзибилен, кој содржи услови, но и конкретни придобивки за земјите кандидати, изјави Макрон.
На самитот на ЕУ во октомври, Франција го блокираше започнувањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија. Хрватска, која го презеде шестмесечното претседавање со Унијата на 1 јануари, меѓутоа сака да го одблокира тој процес.
– Задоволен сум што претседателот Макрон изрази оптимизам за успех на Самитот во Загреб. За нас таа средба е исклучително важна. Во наш интерес е овие земји да бидат стабилни, да преземат економски и социјални реформи, додаде Пленковиќ.
Тој нагласи дека со Макрон разговарал и за главните предизвици на хрватското претседавање со Унијата, за подготовките за самитот во мај и за Конференцијата за иднината на Европа, за Брегзит, како и за билатералните односи.
Макрон, од своја страна, нагласи дека сака да работи на јакнење на билатералните односи и најави дека покрај тоа што ќе дојде во Загреб на Самитот во мај, планира и да ја посети Хрватска во возвратна билатерална посета.
Ново на Сител
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
