Макрон ненадејно ги повика Вучиќ и Тачи на состанок
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, по отворањето на Мировниот форум, ненадејно ги повика српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи на состанок, неофицијално дознава белградскиот весник „Блиц“.
– Макрон сака повторно да се види со Вучиќ, а потоа заедно со Вучиќ и Тачи, изјави неименуван дипломатски извори за „Блиц“. Вучиќ и Тачи присуствуваат на Мировниот форум, а Вучиќ го напушти Панелот за мултилатерализам во рамките на Форумот за да разговара со францускиот претседател. Макрон синоќа оствари билатерална средба со Вучиќ која траеше повеќе од еден час.
Тачи, според соопштението, кратко му пренесол на Макрон дека Приштина сака мировен договор со Србија, кој би обезбедил взаемно признавање.
Макрон претходно во повеќе наврати ја истакна својата намера Франција подиректно да се вклучи во дијалогот Белград – Приштина, што е блокиран веќе подолго време.
Ново на Сител
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее
-
Охрид во хумана мисија
-
Велосипедски патеки има, но не и доволна велосипедска култура
-
Преглед на вестите од свет
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%