Макрон најави дека во наредните месеци ќе ги посети Заев и Рама

–Францускиот претседател Еманеул Макрон на завршната прес-конференција на Европскиот самит во Брисел поздравувајќи ја храброста на премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама најави дека наскоро ќе ги посети двајцата премиери, јави дописникот на МИА од Париз.
Тој денеска на прес-конференцијата истакна дека немало едногласност за датумот за преговори за Северна Македонија и Албанија. Имало големо мнозинство, но голем број земји кажале „не“ за Албанија.
-Многу ги почитувам напорите на Еди Рама и на Зоран Заев. Двајцата се многу храбри. Очекувам да ги посетам во наредниве месеци. Тие работат и ние ќе ја завршиме работата. Но, да не се лажеме. Нам ни треба напредок во нашите процеси, па дури тогаш ќе можеме да отпочнеме разговори и со нив, ама не како досега, како што е вообичаено, бидејќи тоа веќе нема смисла, додаде тој.
-Постои „контрапродуктивна и погрешна стратегија за вршење притисок врз Франција и Холандија, особено за прашањето за проширување на Европската унија со Албанија и Северна Македонија, изјави анонимен извор во Елисејската палата.
-Имаше игра на притисок што се чинеше како несакана и која се состоеше во следново: има такви што имаат стратешка визија за нештата и оние што не, вклучително и оние кои не се подготвени да ги отворат вратите за преговорите, беше речено од Елисејската палата.
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
