-->
-->
Макрон му честита на Трамп
-->

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска му честиташе на Доналд Трамп, обраќајќи му се како претседател на САД, со порака дека е „подготвен заедно да работат“ како и пред четири години, за време на претходниот негов мандат.
„Со вашите убедувања и со моите. Со почит и амбиција. За повеќе мир и просперитет“, напиша францускиот претседател на мрежата Х.
Трамп претходно утринава прогласи победа на изборите во САД.
Според проекциите на агенцијата Асошиејтед прес и други водечки медиуми, Трамп е на чекор до победа на претседателските избори во САД откако обезбедил 267 електорски гласови, а неговата ривалка, демократската кандидатка Камала Харис има 224.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
