Свет
6. March 2022 - 18:29

Макрон и Путин се договорија МААЕ да се вклучи во обезбедувањето на украинските нуклеарни централи

За време на денешниот телефонски разговор, францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин се согласија за потребата од вклучување на МААЕ за да се осигура безбедност на нуклеарните постројки во Украина, се наведува во соопштението од Елисејската палата.

„Претседателот на Франција ја изрази пред претседателот Путин својата длабока загриженост за безбедносните ризици на нуклеарните постројки“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека рускиот лидер се согласи дека работата за осигурување на безбедноста на нуклеарните постројки „треба веднаш да започне со МААЕ“.