Меѓутоа, вистината е малку поинаква. Всушност Макрон со јајце го погодија во 2017 година и тоа кога не беше избран за претседател на Франција.
Инцидентот се случил кога во март 2017 година Макрон посетил еден земјоделски саем во Париз.
Го погодиле среде разговорот со еден маж, а обезбедувањето реагирало брзо и го тргнало.
Во Франција во последните месец дена траат демонстрации против Владата поради поскапувањето на горивото и трошоците за живот, па веројатно некој затоа ја споделил оваа стара снимка од инцидентот со јајцето, а многумина помислиле дека настанал во Аргентина за време на самитот Г20.
Вчера во Париз се уапсени над 400 демонстранти по судирите со полицијата.