Макрон денеска телефонски ќе разговара со Путин
– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Елисејската палата.
Портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ан-Клер Лежандре, изјави дека Макрон за денеска планира повторно да разговара со Путин.
Лежандре истакна дека се очекува да се разговара за деталите од планираната хуманитарна операција за евакуација на цивили од Мариупол, со помош на Грција и Турција.
Таа додаде дека Франција има намера да ја одржи активна комуникацијата со Русија.
По однос на изјавата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за плановите на Москва да воведе визен режим за државите означени како „непријателски“, Лежандре појасни дека земји-членки на ЕУ се на тој список.
– Во моментов не знаеме каков пристап всушност ќе заземе Русија. Тоа би можело да биде една од мерките за одмазда што Русија претходно ги најави, нагласи портпаролката.
Макрон последен пат беше во посета на Москва на 7 февруари каде се сретна со Путин, а еден ден потоа замина за Киев. Двајцата претседатели од таа средба наваму редовно контактираат телефонски, последен пат разговараа на 22 март.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш