Макрон: Американскиот гнев треба да биде насочен само кон Путин
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е единствената личност што стои на патот на мировниот предлог поддржан од Соединетите Американски Држави и Европа.
– Сѐ што треба да направи претседателот Путин е конечно да престане да лаже“, изјави Макрон за време на посетата на Мадагаскар. „Им кажува на американските преговарачи дека сака мир, а истовремено продолжува да ја бомбардира Украина, додаде тој.
Макрон истакна дека Украинците сакаат да слушнат само едно прашање: дали Путин прифаќа безусловен прекин на огнот? Според него, „ако Путин каже ‘да’, оружјето може да замолчи уште утре, а животи да бидат спасени“. Тој порача: „Американскиот гнев треба да биде насочен само кон една личност – претседателот Путин“.
Изјавата на Макрон доаѓа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека одбива мир и порача дека има избор меѓу „мир или уште три години војна“. Денеска, пак, Трамп директно му се обрати на Путин со зборовите: „Владимире, ЗАПРИ! Секојa недела умираат 5.000 војници. Ајде да го финализираме мировниот договор“.
Францускиот претседател, исто така, потенцираше дека Зеленски не може да прифати примирје додека траат нападите врз Киев. Оваа изјава следува откако Русија го изведе најтешкиот напад врз главниот град на Украина во текот на годинава, користејќи 145 дронови и 70 ракети. Во нападите загинаа најмалку 12 лица, а над 90 се повредени. Нападите предизвикаа пожари и уривање на згради во пет градски реони, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините.
Зеленски претходно изјави дека Украина е подготвена за мировни преговори со Русија, но само по воспоставување примирје и прекин на нападите врз цивилни цели. Тој уште еднаш нагласи дека Украина нема да ја признае руската анексија на Крим, бидејќи тоа би било спротивно на украинскиот Устав.
Ново на Сител
-
Го охрабрувам Обвинителството да работи на откривање нови одговорни лица за пожарот во Кочани, порача Мицкоски
-
УНИЦЕФ повикува на поголема вклученост на татковците во активности на учење преку игра
-
При претрес во Штип пронајдена дрога
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања
-
Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени национални признанија за врвни достигнувања во спортот
-
Маск: Жалам што некои објави за Трамп отидоа предалеку
-
Министерство за економија: Во првите два дена 1400 пријави до Агенцијата за вработување за мерката самовработување
-
Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава