-->
-->
Макрадули: Приоритет е поврзувањето на колекторскиот систем на Виница со пречистителната станица во Кочани
-->
Поврзувањето на колекторскиот систем од канализацијата на Виница со пречистителната станица за отпадни води кај Кочани еден од главните приоритети за наредната година на Министерството за животна средина и просторно планирање, истакна заменик министерот Јани Макрадули при денешната посета на Општина Виница.
-Во јавноста се добива впечаток дека зборуваме само за аерозагадувањето и дека тоа е главна тема. Напротив, денес во источниот дел од нашата држава зборуваме и за Осоговските Планини како заштитено подрачје, што е еден од приоритетите. Позитивно е и тоа што Министерството за животна средина, со помош од Владата на швајцарската конфедерација, како приоритет ќе реализира поврзување на канализациската мрежа на Виница со пречистителната станица за отпадни води во Кочани, истакна Макрадули.
Во рамки на работната посета на Виница, Макрадули беше информиран дека со 1,5 милиони денари се интервенира во замена на греењето во ОУ „Гоце Делчев“, а 1,3 милиони денари се наменети за интервенција во подобрувањето на енергетската ефикасност во општинската зграда, во која покрај локалната самоуправа, сместени се и повеќе државни институции.
– Пресметките покажуваат дека со примената на овие мерки ќе се заштедат околу 30 отсто буџетски средства на општината и на другите институции. Освен тоа, ќе се постигне намалување на емисиите на штетни материи во воздухот поради досегашното согорување на дрва и нафта. Се работи за инвертери и топлински пумпи што воопшто не загадуваат. Исто така, со поддршка од Министерството за финансии и од Светска банка, во детската градинка „Гоце Делчев“ во Виница поставени се соларни панели и овде пресметките покажуваат дека во споредба со август минатата година, годинава сумата на сметките за електрична енергија е намалена за една третина, поради што сметам дека тоа е патот што треба да се следи. Користењето на обновливи извори и замената на нееколошките начини на затоплување ќе значат заштита на животната средина и намалување на буџетските трошоци, истакна Макрадули.
Во рамки на Програмата за заштита на води што ја изработува Министерството за животна средина, во план е да се финансира изработката на проект со кој ќе се заштити коритото на реката во Виница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите