Макпрогрес Виница со донација од 500.000 денари за Министерството за здравство
Макпрогрес доо Виница донираше 500.000 денари на посебната донаторска сметка на Министерство за здравство со цел набавка на опрема и медицински помагала за нашите болници, а обезбеди и донации во храна за СОС Детско село и во заштитна опрема за локалните институции.
-Во исклучително тешкиов период за сите нас и предизвикот со кој сите се соочуваме, Макпрогрес Доо Виница една од водечките прехрамбени индустрии во Македонија е силно посветена кон задоволување на потребите на населението посебно водејки грижа за здравјето и заштитата на своите 730 вработени. Како општествено одговорна компанија ја информираме јавноста дека уплативме финансиска помош од 500.000 денари за донаторската сметка на Министерство за здравство, а со цел набавка на опрема и медицински помагала за нашите болници. Во меѓувреме силно делуваме и локално и регионално снабдувајки ги локалните институции со потребна заштитна опрема како маски, скафандери, ракавици и срества за дезинфекција. Покрај овие две донации, оваа недела се реализира и донацијата во храна за СОС Детското село во Скопје, сé со цел да дадеме поддршка на нашите пријатели за полесно справување со ситуацијата во која се наоѓаме, соопшти Макпрогрес доо.
Нашите препораки, истакнуваат, се да ги следиме упатствата од Минитерството за здравство и СЗО, да се грижиме за себе и за тие околу нас, да бидеме искрени и посветени.
– Само така ќе можеме да се справиме со пандемијата. Чувајте се и бидете ни здрави и безбедни! Седи дома, порачуваат од компанијата.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници