„Макпетрол“ ја намали цената на природниот гас и на метанот
Цената на природниот гас за март ќе се намали за 11 проценти за мегават час, во однос на цената за февруари оваа година, а малопродажната цена на метанот ќе се намали за 7,5 денари за килограм, информира „Макпетрол“ АД Скопје.
Намалувањето на цената, како што велат, е согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи.
- Малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 7,5 денари за килограм (5,31 денари за литар) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 82,5 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 75 денари за килограм или 53,1 денари за литар, соопшти „Макпетрол“.
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада