Македонското знаме се развеа пред Парламентот на Онтарио во Торонто
Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември и годинава беше одбележан со низа активности, во организација на македонскиот Генерален конзулат во Торонто, Канада.
На церемонијата на кревање на македонското знаме пред Парламентот на Онтарио во Торонто на Квинс парк присуствуваа членови на македонски организации и здруженија, како и претставници на македонските медиуми во Канада. Честа да го крене македонското знаме оваа година и припадна на уредничката на весникот ,,Македонија’’ од Торонто Соња Лозановска. Чинот беше проследен со интонирање на македонската и канадската химна од страна на хорот при црквата Св. Климент Охридски од Торонто под диригенство на Васко Петровски.
Пред присутните се обрати вицеконзулот во Генералниот конзулат на Република Македонија во Торонто, Александра Стојкова, која честитајќи го празникот потсети на значењето и важноста на овој ден. Таа ги пренесе поздравите по повод 8-ми Септември упатени од спикерот на Парламентот на Онтарио Дејв Левак, а честитки беа испратени и од лидерот на прогресивната конзервативна партија на Онатрио Патрик Браун. Кон честитките се придружија и Вера Белчевска претседател на црковниот одбор од црквата Св. Климент Охридски, а од празничната говорница се обрати и претседателот на Организацијата Обединети Македонци од Канада Мендо Бакаловски кој на сите Македонци од сите краишта на Македонија им го честита празникот.
Во чест на Денот на независноста Генералниот конзулат на Македонија од Торонто организираше прием во најголемата македонска православна црква и културен центар на Македонците во Торонто „Св. Климент Охридски“.
Ново на Сител
-
Манолева: Договорени се алтернативнин решенија за хируршките сали
-
ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија
-
Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции
-
Кое е вашето емотивно наследство? | Марина Анчевска | Личен развој | Sitel Podcast 040
-
Македонските кикбоксери од Балканско со 9 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали
-
Најтопло во Велес, Гевгелија, Кавадарци - 34 степени, до крајот на денот локална појава на пороен дожд и грмежи
-
Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина, приведени три лица
-
Повеќе загинати и повредени во пожар во руска нафтена рафинерија