-->
-->
Македонското знаме развиорено пред градската управа на Торонто
-->
По повод 8 Септември - Денот на независноста, македонскиот Генерален конзулат во Торонто ја организираше традициналната манифестација „Кревање на знамето на Република Македонија“. Свечената церемонија се одржа пред градската општина на Торонто.
Честа да го крене државното македонско знаме на јарболот ја имаше истакнатиот Македонец од Канада и поранешен уредник и основач на весникот „Македонија“ Танас Јовановски.
На присутните им се обратија генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Јовица Палашевски, вицеконзулот Александра Стојкова, Танас Јовановски, претседателот на МПЦ Св. Климент Охридски Вера Белчевска, претседателот на Организацијата Обединети Македонци од Канада Мендо Бакаловски, уредникот на радио програмата „Обединета Македонија“ Драгица Димовска...
Во чест на 25-от роденден на независна Република Македонија, на 24 септември годинава генералниот конзул Јовица Палашевски ќе организира свечен прием кој ќе се одржи во банкетните простории на најголемиот македонски православен храм во Торонто Св. Климент Охридски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава