Македонското стопанство со различни прогнози за Брегзит, најголем предизвик падот на фунтата

Различни се прогнозите на македонското стопанство во однос на Брегзит. Според помалите фирми, излегувањето на Велика Британија од ЕУ, што и официјално се случи на 31 јануари годинава, може негативно да се одрази врз бизнисот и врз странските директни инвестиции. Големите компании се воздржани. Рано е, велат, за какви било оценки со оглед на претстојниот „транзициски“ период од 11 месеци во кој Британија и натаму останува дел од заедничкиот европски пазар и од Царинската унија.
– Во услови кога е во фаза дефинирање трговски договор на државно ниво, бизнисот сè уште нема промени. Имајќи предвид дека преостанува период од 11 месеци, за очекување е дека бизнисот навреме ќе биде вклучен во активности што треба да произлезат за дефинирање на условите на водење бизнис, кусо коментираат од Стопанската комора на Македонија.
Поконкретен е ставот на Сојузот на стопанските комори (ССК). За мала економија како нашата, нагласува Сојузот, најзначаен е трговскиот канал, размената на стоки со британските компании. Оттука, ССК очекува да продолжат да важат актуелните билатерални и мултилатерални договори меѓу нашата држава и ЕУ, како и да се применуваат и во билатералните односи со Обединетото Кралство за време на преодниот период, кој е предвиден да трае до 31 декември 2020 година и во кој треба да се дефинираат нови царини и други правила на игра.


Мирјана Чакарова/МИА
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
