Џет-Сет
14. April 2017 - 14:33

Македонското девојче можеше да стане Ражнатовиќ, Каролина беше во врска со синот на Аркан

Михајло беше во врска со македонката поп - ѕвезда Каролина Гочева, која и натаму е популарна и на српската естрада.

Врската на Каролина и Михајло не траеше, а тој во медиумите неодамна проговори за романсата со македонското девојче.

-Тоа е романтична приказна и јас сум таков. Падобранството според мене е најдобар спорт, зошто вклучува се во себе. Потребна е храброст, а истовремено проработува и адреналинот и човек има чувство на безгранична слобода. Освен во падобранството таква енергија пронаоѓам и во хокејот на мраз. Што се однесува до Каролина, таа ја сака таа моја спортско- романтична страна, рече своевремено Михајло, додека Каролина не призна дека имале куса афера.

-Едноставно, Михајло и јас сме млади, патиштата ни се разијдоа, и за мене и за него ќе има време за љубов, рече Гочева.