Тенис
8. July 2022 - 12:10

Македонските тенисерки се пласираа во финалето на „Били Џин“ Купот

Женската тениска селекција на Македонија успеа да се пласира во финалето „Били Џин“ купот или поранешниот Федерејшн куп
 
Македонските тенисерки ја остварија и четвртата победа во Евро-африканската зона на „Били Џин“ купот чии натпревари се играат на терените на ТК Југ во Скопје и се пласираа во финалето
 
Нашите тенисерки денеска во полуфиналето ги добија двата сингл дуели против тенисерките од Косово. 
 
Магдалена Стоилоквска беше убедлива во дуелот со  Доника Бошота на која и препушти само еден гем во вториот сет добивајќи го мечот со 6-0 и 6-1. 
 
Во вториот меч, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа ја победи Адријана Лекај со 2-0 во двата сета со 6-2, со што веќе го обезбеди пласманот на нашите тенисерки во финалето
 
Така меч во двојки кој требаше да биде само чиста формалност, воопшто и не се одигра. 
 
Македонија во финалето ќе игра против подобрата селекција од дуелот меѓу Португалија и Ирска. 
 
Потсетување дека само победникот од овој турнир ќе обезбеди пласман во повисок ранг на натпреварување.