Македонските тенисери поразени од Бугарија | Сител Телевизија
Loading Video...
Тенис
6. April 2018 - 14:48

Македонските тенисери поразени од Бугарија

Македонската тениска селекција претрпе пораз од Бугарија во третиот меч од Дејвис купот 

Откако славеа победи над Исланд (2-1) и Албанија (3-0) македонските тенисери денеска се поразени од Бугарија со 3-0, во решавачкиот дуел за првото место од А групата на турнирот во Варна, каде се играат натпреварите од Третата Европска зона.

Во првиот меч Горазд Србљак загуби во два сета со идентични 6:1 од Александар Лазов, а потоа и Димитар Грабул кој беше поразен од Димитар Кузманов со 2:0 во сетови (6:2;6:2).

Така дуело во двојки беше без резултатско значење, па Бугарите се оние кои утре ќе играат во финалето, преку кое ќе се обидат да обезбедат пласман во Втората зона, додека Македонија и догодина ќе настапува во Третата Европска зона.

Македонија, по победите против Исланд и Албанија, пропушти шанса да направи исчекор и следната година повторно ќе играме во Третата зона.