Македонските средношколци на 67-то место на ПИСА тестот, послаби во регионот само учениците од Косово
Македонските средношколци со минимален напредок на меѓународниот тест за проверка на знаењата и вештините на учениците. Организацијата за економска соработка и развој денеска ги објави резултатите од ПИСА тестот, на кој беа проценувани знаењата на 15-годишни ученици за наука, математика и писменост.
Македонските ученици се најдоа на 67-то место во рангот од 79 земји. На последното тестирање во 2015-та година, Македонија беше рангирана меѓу последните четири земји, по што од ресорното Министерство беа преземени мерки за подобрување на резултатите.
Од земјите во регионот најдобро рангирана е Словенија, на 21 место, Хрватска, 29-та, Грција на 42-то место, додека 44-та е Србија. Полош резултат од Македонија на ранг листата на ПИСА тестот од земјите од регионот е само Косово. Највисоко рангирани и оваа година се азиските земји. Најдобро оценетите средношколци се во Кина, Сингапур и во Макао.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените