-->
-->
Македонските ракометарки од вториот шешир во ждрепката за Мунијалските квалификации
-->

Женската ракометна репрезентација на Македонија ждрепката за квалификациите за Светското првенство 2017-година, ќе ја чека од вториот шешир. Во четврток (24 јуни) во седиштето на ЕХФ во Виена, ќе бидат извлечени групите за првата рунда од квалификациите за Мунидјалот 2017.
На ждребот Македонија ќе биде во вториот со селекциите на Италија, Литванија, Португалија и Швајцарија.
Во првиот шешир се, Австрија, Белорусија, Словачка, Турција и Украина, а од третиот ќе бидат извлечени, Фарски Острови, Грција, Изарел и Косово.
Репрезентациите ќе бидат победелни во четири групи од кои само една ќе брои три селекции, додека во другите две ќе играат по четири репрезентации.
Квалификациските натпревари ќе се играат во три фази (5-9 октомври, 23-27 ноември и 30 ноември – 4 декември годинава).
Првопласираните две репрезентации од групите со по четири и победникот во групата со три репрезентации ќе обезбедат пласман во баражот за СП 2017 година.
Истиот ден, на 24 јуни во Париз од 14 часот ќе се одржи и ждрепката за Светското првенство за мажи кое на почетокот на следната година ќе се игра во Франција, а на кое ќе настапи и нашата најдобра селекција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

АХВ: Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла | ФОТО
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради 5. издание на трката „Водно 10К"
-

Јемен по втор пат го нападна Израел со ракети
-

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети
-

Во Србија се одржуваат избори во 10 локални самоуправи
