-->
-->
Македонските пингпонгари успешно се претставија во Лерин
-->
Во Лерин, соседна Грција се одржа петтиот меѓународен турнир во пинг понг. На турнирот на кој учествуваат најдобрите играчи од Грција,
имаше играчи и од Полска, Бугарија, Србија и други држави. На турнирот во Лерин учествуваа и голем број на играчи од Македонија.
Турнирот кој секоја следна година е подобар во однос на квалитетот на играчите исто така секоја година има и поголем награден фонд. Оваа година фондот за награди изнесуваше 3400 евра.
Од Македонските играчи во машка конкуренција најголем успех во апсолутна категорија остври Кристијан Станојковски кој го освои третото место. Во женска конкуренција Сара Стојановска го освои второто место, додека Ана Стојановска беше третопласирана.
Исто така забележителен успех во апсолутна категорија забележаа и Живко Апостолоски, како и ветераните Миле Петрески и Зоран Јовановски - Тарзан.
Во турнирскиот дел каде што играчите се поделени по старосни категории, во категоријата за играчи постари од 60 години, повеќекратниот првак на Македонија, Миле Петрески го освои првото место, додека втор беше Зоран Јованоски - Тарзан. Во категоријата за играчи од 50 до 59 години трето место освои Сашо Љамов. Во категоријата за играли од 40 до 49 играчи трето место освои Сашо Стојановски.
Севкупно одличен настап на нашите претставници на турнирот во соседна Грција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово