-->
-->
Македонските одбојкари по голема борба поразени од Финска во дебито на ЕП
-->

Со пораз од Финска, македонските одбојкари го започнаа својот деби настап на Европското првенство на кое за прв пат годинава брои 24 учесници, а се игра во четири земји.
Македонската репрезентација е во групата Ц во Љубљана, каде во рамките од првото коло црвено-жолтите беа поразени од Финците со 3:1 во сетови.
Мечот кој траеше безмалку 2 часа, го одбележа голема борба за секој поени. Решавачко беше поголемото искуство на противникот па на крајот спортски нашите одбојкари мораа да му ја честитаат победата на финскиот национален тим
Во првиот сет не делеа два поени истиот да го освоиме, но при водство 23-22, му дозволивме на противникот да освои три поени во низа и да го реши сетот во своја полза со 23-25.
И вториот сет мина во ист ритам. Водство до средината на сетот и тоа со 15-13, па подново Финците се враќаат во игра и го добиваат сетот со 25-22.
И во третиот постојано нашите одбојкари имаа предност која во неколку наврати изнесуваше и четири поени. И пак исто. Во завршницата Финците се доближија на -1 (22-21). По ас сервисот на Љафтов ја имавме и првата сет топка кога поведовме со 24-22, но не ја искористивме. Сепак втората шанса не ја пропуштија, па нашите одбојкари го добија сетот со 25-23.
Со многу подеми и падови нашите одбојкари го одиграа четвртиот сет во кој имаа и четири негатива, но се вратија во игра на само -1 (20-21). Но. Немаа докрај сили, па Финците го добија сетот со 25-21, а со тоа и мечот со конечни 3:1.
Дуелот меѓу Македонија и Финска беше втор во нашата (Ц) група во која денеска, актуелниот европски првак Русија со 3-1 ја совлада Турција селекција против која нашите одбојкари ќе играат утре (17.30 часот)
Во последниот меч од 1.коло вечерва ќе играат домаќинот Словенија и Белорусија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
