Македонија
28. April 2021 - 18:30

Македонските граѓани можат да патуваат во Црна Гора без ПЦР тест

Во пресрет на летната туристичка сезона, црногорската Влада објави листа со земји на чии граѓани ќе им биде дозволен влез во државата без негативен ПЦР тест за COVID-19.

Влез во Црна Гора без претходно направен ПЦР тест и без потврда за извршена имунизација ќе им биде дозволен на туристите од земјите на Западен Балкан – Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Косово и Албанија.

Меѓу оние од кои не се бара тест се и држави од источниот блок – Русија, Белорусија и Украина.