-->
-->
Македонските фудбалерки поразени од Словенија
-->
Македонската женска фудбалска репрезентација со пораз ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство 2025, откако вечерва загуби на гостински терен од Словенија со 4-0 (3-0).
Словенија не им остави ниту малку надеж за изненадување на избраничките на селекторот Александар Андов и веќе во шестата минута имаше предност од 2-0 со головите на Прашникар.
Корошец во 33 минута го зголеми водството на домаќинките, а конечниот резултат го постави Каштелец во 71 минута.
Словенија го освои првото место во групата Ц2 со максимални шест победи. Македонија со седум бодови заврши третопласирана зад Латвија, која вечерва на домашен терен ја совлада последнопласираната Молдавија со 2-1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ ги претстави барањата на Србија во врска со Косово
-
СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници
-
Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската кошничка
-
КИНСИВ ќе отвори истрага за настанот на небото над Скопје
-
20 ГОДИНИ НЕОТЕЛ: Прослава на две децении пионерство во телекомуникациите
-
Се урна воен авион Л-39 во Бугарија
-
Кривични за две лица кои праќале писма на вработен во ОВР Дебар
-
Почина жена која управувајќи тротинет била удрена од автомобил