Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Северна Македонија. Помеѓу 30 ноември 2024 година и 31 декември 2025 година, политиката за ослободување од визи ќе се применува за обичните носители на пасоши и од Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија, соопшти на прес-конференција во Пекинг портпаролот на МНР на НР Кина, Лин Џијан.
Покрај тоа, Кина ќе го продолжи и периодот на безвизен престој од сегашните 15 на 30 дена, пренесе државната телевизија ЦЦТВ.
Почнувајќи од 30 ноември 2024 година, имателите на обични пасоши од 38 земји, вклучувајќи ги и дополнително додадените девет земји, ќе можат без виза да влезат во Кина за бизнис, туризам, посета на роднини и пријатели, размена на посети и транзит, не подолго од 30 дена.
Ново на Сител
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори
-
Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава
-
До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд
-
СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот
-
Средба Сиљановска-Филипче во Вила Водно
-
Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност | ВИДЕО