Македонските дерматолози во служба на своите пациенти
Клиниката за дерматологија, повеќето дерматолошки амбуланти во мрежата на ЈЗ, како и голем број приватни кабинети ќе бидат затворени најмалку 14 дена. Од околу 140 активни дерматолози најмалку 100 подлежат на мерката 14 дневен карантин.
Оваа состојба е без преседан во долгата историја на македонската дерматологија. Нема слични светски искуства на кои можеме да се повикаме, ниту препорака од СЗО како да постапиме.
Како лекари, водени од Хипократова заклетва, должни сме во оваа вонредна состојба, покрај грижата за нашето, и здравјето на нашите семејства, да ја исполниме обврската кон нашите пациенти, и кон државата која инвестирала во нашето образование.
Најголем дел (над 90%) од дерматолошките болести не се ургентни ниту животозагрозувачки, што значи прегледите може да се одложат без последици. Сепак, има состојби кои не може да се одложуваат:
- Акутни алергиски/неалергиски состојби каде е индицирана неодложна терапија
- Итни конзилијарни прегледи за кои треба интердисциплинарна соработка
- Итни алерголошки тестрање (анестетици пред операција)
- Пациенти кај кои е започната терапија која треба да се следи и моделира.
Бројот на дерматолози кои активно ќе практикуваат во следните 2 недели е мал и нема да можат да ги преземат сите овие должноти. Тие лекари се нерамномеро дистрибуирани и ги немаат условите за да ги обават сите горенаведени услуги.
Покренавме иницијатива да се ставиме на располагање на нашите пациенти и на колегите, на кои им е неопходна итна консултација: контакт преку електронска пошта, а по потреба и телефонски контакт.
Дерматолозите вклучени во оваа иницијатива ги дадоа своите е-адреси кои може да послужат за:
- директен контакт со пациентите (пациент кој треба во следните 2 недели да се јави на контрола за следење на терапија)
- контакт меѓу дерматолозите (контакт со колега кој предходно го водел пациентот)
- контакт со лекари од други специјалности кои имаат потреба за дерматолошка консултација
Дерматологијата е првата гранка засегната со ваков проблем. Не е исклучено со сличен проблем да се судрат и другите специјалности. Ова искуство (некој вид телемедицина) може да е драгоцено.
Ова е список на дерматолози кои се согласија, и покрај тоа што се во домашна изолација, да се стават во служба на своите пациенти.
Име и презиме на дерматолог |
Град |
Мејл адреса |
Доц.д-р.Катерина Дамевска |
Скопје |
|
Проф.д-р. Сузана Николовска |
Скопје |
|
Д-р. Маја Димова |
Скопје |
|
Д-р. Нора Положани |
Скопје |
|
Д-р. Александра Перовска |
Скопје |
|
Д-р. Радмила Ончева |
Скопје |
|
Д-р. Емилија Минова |
Скопје |
|
Д-р. Јулија Митрова Телента |
Скопје |
|
Д-р. Весна Бришкоска |
Скопје |
|
Д-р. Ирена Димитровска |
Скопје |
|
Д-р. Коста Цветковиќ |
Скопје |
|
Д-р. Ана Ристовска Димитровска |
Скопје |
|
Д-р. Вероника Давчева Битољану |
Скопје |
|
Д-р. Вангел Битољану |
Скопје |
|
Д-р. Дејан Филиповиќ |
Скопје |
|
Д-р. Соња Митревска Шолтисек |
Скопје/Германија |
|
Д-р. Анџелка Илиева |
Штип |
|
Д-р. Билјана Ахтарова |
Струмица |
|
Д-р. Мурат Мурати |
Ресен |
|
Д-р.Макфирет Селмани |
Гостивар |
Ново на Сител
-
Мицкоски за амнестијата за организаторите на „27 април“: Тоа е судска одлука, не би имал што да додадам
-
Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа
-
Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград
-
Три од 28-те преживеани во авионската несреќа во Казахстан биле деца
-
Најмалку 14 преживеани во авионската несреќа во Казахстан | ВИДЕО
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар