-->
-->
Македонскиот репрезентативец Јакупи освои сребро на ЕП во карате
-->
Берат Јакупи повторно постигна голем успех на меѓународната карате сцена откако освои сребрен медал на ЕП во карате што се одржува во Турција. Јакупи во финалето беше поразен од домашниот претставник Акташ Угур во израмнет меч во кој резултатот гласеше 0-0 но судиите одлучија да му го доделат златниот медал на домашниот претставник.
Покрај Јакупи голем успеха за Македонија обезбеди и Јована Георгиева закитувајќи се со бронзениот медал во категоријата до 55 килограми. Во малото финале, Георгиева се бореше со француската каратистка Емили Туј, а дуелот заврши со конечни 1:1, но нашата каратистка го освои бронзениот медал бидејќи го освои првиот поен во овој меч.
Освен овие двајца, шанса за медал ќе има и Сара Радичевска која ќе се бори за бронзениот медал во категоријата до 50 килограми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија