Македонскиот клуб во Благоевград се отвара со засилено полициско обезбедување и голем медиумски интерес
– Во присуство на засилено полициско обезбедување денеска во Благоевград се отвара македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“. Отворањето на клубот го следат голем број бугарски и македонски новинарски екипи.
Атанас Мазнов од македонскиот културен клуб во изјава за медиумите рече дека клубот го отвараат заради зближување на двата народа. Мазнов се надева дека како што Бугарите ќе влезат во Уставот на Северна Македонија, така и македонското малцинство во Бугарија да ги добие своите права.
Во просториите на клубот веќе се пристигнати претставници од ОМО Илинден-Пирин, а од македонските официјални претставници пристигна генералниот секретар во Кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски. Присутни се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев.
Бошњаковски во изјава за медиумите рече дека дел од луѓето ги познава и дека тие биле на средба кај претседателот Пендаровски. На прашање од бугарски новинар дали имаме територијални претензии кон Бугарија, Бошњаковски одговори негативно.
– Ве молам, не. Немам намера да давам изјави, рече Бошњаковски.
На отворањето на клубот присуствува и грчкиот отец Никодим Царкњас, кој порача дека Бугарија не треба да се плаши од отворањето на клубот, туку напротив со ова треба да покаже дека е вистинска, демократска и европска држава.
– Во Грција направивме друштво со името на Крсте Мисирков и денес работиме слободно, нема никој против. Кога отидовме во судот, не ни рекоа што име е ова – Крсте Мисирков. Три години работиме. Затоа и Бугарија не треба да се плаши од овој клуб што денеска се отвара, истакна Царкњас во изјава за медиумите.
Наспроти македонскиот клуб, во организација на ВМРО – Бугарско национално движење отворена е изложба со бугарското знаме и слика од цар Борис Трети и дел од македонските револуционери меѓу кои Гоце Делчев и Јане Сандански проследена со гласна музика. ВМРО-Бугарско национално движење најави и протест. рт/бак/
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит