Македонија
2. јуни 2019 - 15:18

Македонски возач загина, има и повредени – тешка сообраќајка во Хрватска

Македонски државјанин, возач на камион, денеска загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А3 во Хрватска. Во несреќата учествувале камион и автобус со босански регистерски таблички.

Полесно повредени се 10-15 патници, пренесува „Индекс“, додавајќи дека осум лица се пренесени во болницата во Нова Градишка.