Македонски уметници на Фестивалот на франкофонијата во Созопол

На шестиот Фестивал на франкофонијата во Созопол, Бугарија, денеска ќе биде претставена македонската култура.
Најпрвин, во просториите на Советот на Општина Созопол, директорот на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија Васко Шутаров и неколку професори од Софискиот универзитет ќе одржат предавање за дипломатскиот протокол.
Во Археолошкиот музеј на овој приморски град потоа ќе биде отворена изложба „Конекција 2" со дела на македонски ликовни уметници кои живеат, работат или студираат во Бугарија: Перица Иванов, Зоран Мише, Горан Тричковски, Иво Пецов, Павел Целкоски, Марјан Ѕингаров, Јана Луловска, Слободан Милошески, Адриана Јованоска, Ице Огненовски, Иван Стоименов, Јовица Миленов и Мирјана Иванова.
Како што информира КИЦ на РМ во Софија, годинава специјално за Фестивалот авторите подготвиле дела со француска тематика.
Во истиот простор вечер концерт за виолина и пијано ќе одржат Момчило Куфојанакис и Весна Ангелова-Христова кои ќе изведат дела од Брамс, Бетовен, Сен-Санс и Јожен Изаи.
Во рамките на Фестивалот на Франкофонијата „Солеј" во Созопол се одржува и меѓународна ликовна колонија на која првпат учествуваат и македонски ликовни уметници.
Инспирирани од поднебјето на Созопол, утре свои дела ќе изложат Мирјана Крстева-Масети, Андријана Манциев, Иво Пецов и Марјан Ѕингаров.
Покрај македонската, на фестивалската програма беа претставени денови на културата на Франција, Белгија, Романија, Грузија, Мароко, Либан, Турција и на домаќинот Бугарија.
Ново на Сител
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест досега против „Зврнец"
-

Алиу: Изминатата година поставена насока - здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара
-

Почнува Светското фудбалско првенство 2026
-

Највисокиот суд на ЕУ ќе даде мислење за жалбата за транспарентност за вакцините против Ковид-19
-

Американската војска: Завршени последните напади врз цели во Иран
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
-

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион
-

Пожарот во Штип изгаснат
