Македонски Телеком со зголемена нето добивка и помали приходи од продажба
Приходите од продажба на Македонски Телеком ад Скопје во првите девет месеци од годинава изнесуваат 7.657 милиони денари, што претставува намалување за 2,2 отсто во споредба со истиот период лани. Во периодот јануари-септември годинава оваа телекомуникациска компанија евидентирала нето добивка во износ од 1.159 милиони денари, односно за 62,4 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година, покажуваат резултатите од неревидираните финансиски извештаи што ги соопшти денеска МТ.
На крајот од првите девет месеци од годинава МТ има 59,2 отсто пазарно учество во сегментот на фиксна телефонија и удел од 46,1 отсто во делот на широкопојасниот интернет, согласно интерните податоци. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 10,5 отсто споредено со истиот период од 2016 година, со бројката од 211.000 корисници Македонски Телеком ја задржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги, се наведува во соопштението
На пазарот на мобилната телефонија, пак, компанијата има удел од 49,3 отсто, при што за 4,5 проценти се намалени приходите од говорни мобилни услуги, а за 2,2 отсто се зголемени приходите од неговорни услуги.
МТ бележи пораст од седум отсто во делот на IPTV и база од 114,2 илјади корисници.
Ново на Сител
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково
-
Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје
-
Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето
-
Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина