Македонски шверцери фатени со скапи часовници на Прешево-Табановце
На граничниот премин Прешево-Табановце, српските царински службеници во средата, спречиле обид за шверц на три скапи рачни часовници чија вредност се проценува на повеќе од 34.000 евра, јави дописникот на МИА од Белград.
Царинската управа соопшти дека шверцерите биле откриени на влез во Србија, при преглед на автомобил со странски регистарски таблици.
-И возачот и неговата придружничка, кои патувале од Северна Македонија за Чешка, рекле дека немаат што да пријават освен личниот багаж. Но, при детален преглед, царинските службеници забележале дека возачот има часовник на двете раце: половен „Rolex“ и сосема нов „ Hublot Spirit of Big Bang “ на кој се наоѓала заштитна фолија, се наведува во соопштението на царината.
Потоа, во јакната, која висела во автомобилот, биле пронајдени уште два нови рачни часовници: машки „Zenith Defy El Primero 21“ и женскиот „Zenith Defy“.
-На патникот, кој изјави дека има дуќан за продажба на часовници во Чешка, му е вратен користениот Rolex, а новите часовници за кои немал никаква документација, со судска одлука трајно му се одземени, наведоа од Царинската управа на Србија.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија