Македонски пратеници на студиска посета во Талин за безбедно е-Општество

„Вклучување на граѓаните во градење безбедно е-Општество“ е темата на студиската посета на пратениците Зоран Илиоски, Татјана Прентовиќ, Ане Лашкоска, Агим Шаќири и Тања Ковачев кои од денеска до 8 ноември ќе престојуваат во Талин.
Студиската посета, финансирана од УСАИД, е во рамки на програмата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), Партнерството за демократија на американскиот конгрес и естонската е-Управување академија, а вклучува и пратеници од Ерменија, Грузија и Украина.
За време на посетата, македонската собраниска делегација ќе оствари средби со претставници на естонската извршна и законодавна власт, ќе присуствува на интерактивни работилници од сферата на сајбербезбедноста и ќе се запознае со онлајн владините ресурси и комуникацијата меѓу граѓаните и нивната влада. Покрај естонските примери, работилници ќе одржат и кадри од Конгресот на САД кои ќе споделат искуства на е-Управување и комуникација со граѓани во САД.
Естонија повеќе години е лидер во е-Управување, при што 99 отсто од владините услуги се достапни онлајн. Државата има еден од најсофистицираните сајбербезбедносни системи во светот и софистицирана ИКТ средина со развиена претприемачка бизнис клима, која резултира со компании како Скајп.
Ново на Сител
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
-

Жените од руралните средини со мала вклученост во општествениот и социјалниот развој, нивниот глас не се слуша
-

Дел од македонските земјоделци се уште работат со механизација стара неколку децении
