Џет-Сет
25. July 2018 - 21:16

Македонски музичар остана без 15.000 евра: Знам кој ме украде!

Пред извесно време бил ограбен музичарот Иво Илиев, попознат како Далтон. Додека тој бил на настап, од неговиот стан биле украдени 15.000 евра, кои ги собирал за да уплати стан, пренесува порталот „7 дена“.

-Беше викенд и јас свирев прво во еден ресторан а потоа во ноќен клуб. Парите ги собирав за да уплатам стан. Во петокот плаќав некои сметки и задоцнив да ги ставам во банка и планирав тоа да го направам во понеделник. Но, додека јас свирев во саботата, некој влегол и си ги земал од плакар, каде што ги чував, вели Иво.

Според него најинтересно е што вратата од станот во кој сега живее воопшто не била разбиена, ниту, пак, во станот нешто било поместено.

Прочитајте го целиот текст на „7 дена“.