Македонски гејмер стана светски вицешампион во Дота 2
Македонецот Мартин Саздов, во светот на гејмингот познат како „Сакса“, го направи најголемиот успех во историјата на македонскиот гејминг и тоа на најважниот и најголемиот турнир на играта Дота 2.
Саздов и неговиот тим „Digital Chaos“ стигнаа до големото финале на „The International“ турнирот во Сиетл каде утринава загубија со 3:1 од тимот „Wings“, но и второто место е неверојатен успех за интернационалниот тим кој во своите редови го регрутираше и Саздов. Неговите четворица колеги доаѓаат од САД, Данска, Романија и Украина, а на главниот турнир пристигнаа како американски претставник.
За значењето на турнирот и популарноста на играта Дота 2 на глобално ниво доволен показател е дека наградниот фонд на годинешниот турнир надминуваше 20 милиони долари, победничкиот тим заработи, 9,1 милион долари, а Саздов и неговите колеги ќе бидат наградени со 3,4 милиони долари.
Екипите кои настапуваа во „ Ки Арена“ во Сиетл мораа да ги минат регионалните квалификации пред да стигнат на најважниот е-спорт турнир во глобални рамки, а Саздов кој доаѓа од Свети Николе е првиот Македонец кој не само што дебитираше на ваков настан, туку во првиот настап го освои второто место.
Извор: Дерби
Ново на Сител
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце