Македонија
18. May 2022 - 12:53

Македонски фестивал во Турција

Фолклорни групи и познати интерпретатори на народната македонска музика учествуваа на Македонскиот фестивал во турскиот град Маниса. Фестивалот кој се одржа од 13 до 15 мај е од големо значење за македонските иселеници во Турција.

Очекувањата на македонското здружение „Мак-гоч“ е дека фестивалот ќе стане традиционален.

На фестивалот пристуствуваше и македонска делегација предводена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Фестивалот е практично и славење на 30 години од постоењето на здружението „Мак-гоџ“.

Координаторот Фатон Асани оцени дека посетата на македонската делегација беше топло поздравена од македонските иселеници, но и од турските власти.

-Денес македонското здружение „Мак-гоџ“ во Маниса слави 30 години од неговото постоење и дејствување на културен план. Годините да се множат, културата и традицијата да се негува ид а се продолжи со идните поколенија, изјави Асани.