Македонија
15. February 2025 - 10:02

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Албанија во близина преминот Ќафасан, нешто по полноќ.

- Несреќата се случила на патниот правец Прењас-Либражд, кај местото викано Пишкаш околу 00:10 часот, кога се судриле патничко моторно возило "мерцедес" и камион со скопски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, објавија албанските медиуми.

Како последица на несреќата , животот го загубила сопатничката во автомобилот а тешко е повреден Зеф Синани (34), кој управувал со автомобилот. Повредениот прво бил пренесен во болницата во Либражд, а потоа во регионалната болница во Елбасан.

Причина за несреќата најверојатно е  движењето на возилата со брзина поголема од дозволената.