-->
-->
Македонски државјанин приведен во Албанија поради учество во сообраќајна несреќа
-->
Во сообраќајна несреќа што се случила доцна попладнево на излезот од граничниот премин Ќафасан, на албанско македонската граница,кај Струга, на патот кон Подградец, учествувал македонски државјанин.
Македонскиот држајанин Фатмир Р. возач од Охрид кој управувал камион со приколка изгубил контрола и удрил во автомобил „пежо“,со албански регистарски таблички, во кое патувале В.Х.(50) и неговата дваесет годишна ќерка Ш.Х.
Возачот на пежото е во критична состојба, а по дадената помош во болницата во Подградец, бил транспортиран на Клиниката за трауматологија во Тирана. Неговата ќерка е вон животна опасност.
Возачот на камионот,Фатмир Р. е приведен во Полицискиот комесаријат во Подградец.
Истрагата за причините на сообраќајката е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување
-
Преглед на вести од светот
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија