-->
-->
Македонски државјанин киднапиран во Тирана, го спасила полицијата
-->
![]()
Албанската полиција уапсила две лица под обинеие дека во Тирана вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин, кому му барале 250.000 евра.
Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.
Во рамки на полициската акција „ Lake“, уапсени се Алберт Џ.(41), и Сокол М. (42), жители на Тирана, додека од слобода ќе се брани Суби Е.(50) жител на Струга, Македонија.
- Тројцата граѓани во соработка еден со друг кај планината Фарка, во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В.(23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра, пренесуваат полициско соопштение албанските медиуми.
Досието е доставено до Јавното обвинителство во Тирана за понатамошно постапување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
