Македонски бизнисмени во Тирана ја зајакнуваат соработката со албанските компании
Бизнис делегација од Сојузот на стопански комори и делегација од Комората на северозападна Македонија престојува во тридневна посета на Албанија со цел да се разгледаат можностите за интензивирање на деловната соработка и да се воспостават нови бизнис релации меѓу компаниите од двете држави.
Бизнисмените остварија средба со албанскиот премиер Еди Рама, а се сретнаа и со повеќе министри во албанската Влада. Планирано е да остварат средби и со претседателите на Стопанската комора на Тирана и Сојузот на стопански комори и индустрија на Албанија, градоначалниците на Тирана и Драч, директорот на пристаништето во Драч и со претседателот на Стопанската комора во Драч.
Во рамки на посетата ќе се одржи и бизнис и инвестициски форум во Тирана кој ќе се организира во соработка со Сојузот на стопански комори и индустрија на Албанија и Стопанската комора на Тирана. На форумот ќе учествуваат компании од двете држави, а најавено е присуство и на албанскиот министер за економија, македонскиот амбасадор во Албанија и албанскиот амбасадор во Македонија.
Македонија и Албанија немаат голем обем на трговска размена, но има потенцијал за унапредување на соработката, особено во делот за заедничкиот настап на трговски саеми, организирање тет-а-тет настани и изработка на заедничка туристичка понуда. Двете држави се членки на Светската трговска организација (СТО) и потписнички на Договорот за слободна трговија во Централна Европа (ЦЕФТА) 2006.
Сојуз на стопански комори има потпишано Меморандум за соработка со Индустриската Стопанска комора од Драч, а во соработка со Институтот за современи истражувања од Албанија го реализираше проектот за подобрување на бизнис соработката во прекуграничниот регион, финансиран од ИПА програмата.
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец