Македонски автобус спасен од трагедија во Србија
За влакно е избегната голема трагедија на мостот кој се урна под силина на надојдената река Западна Морава во Централна Србија. Автобус со македонски таблички полн со патници бил запрен непосредно пред да падне мостот кој ги поврзува чачанските села Мрчајевце и Слатина.
Јунак на денот е е Немања Богосављевиќ кој ја алармирал полицијата да го запре сообракајот откако забележал дека столбовите попуштаат. Потоа самиот побрзал да ги запре возилата кои оделе кон мостот.
Во централниот дел на Србија поради обилните дождови прогласена е вонредна состојба во педестина градови и општини. Во поплавите најмногу настрадаа станбените објекти, но и патиштата, јавните установи, болници, ни и земјоделските површини. Надлежните велат дека синоќешната евакуација била успешна, но го предупредуваат населението да биде претпазливо не се движи по насипите на надојдените реки, бидејќи веке имало случаи на лица мегу кои и едно дете, кои паднале во вода а потоа биле спасени.
Прогнозите се дека и во текот на наредниот ден ќе има врнежи, а посилни дождови се очекуваат на југот на Банат, дури и до 40 литри на метар квадратен. Од српското МВР апелираат до граѓаните да ги одложат патувањата додека не се стабилизира ситуацијата.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
