Македонски афористичари и карикатуристи на турнеја во Србија

Во организација на тетовското Здружение за култура и уметност „Ило Антевски-Смок“, македонски афористичари и каркатуристи ќе одат на 10-дневна турнеја во Србија.
Според Милорад Хаџи Ристески, директор на Здружението, целта на турнејата е промоција на македонскиот афоризам и карикатура.
- На турнејата ќе учествуваат познатиот делчевски афористичар Миле Ѓорѓијоски, карикатуристот Миро Ѓеоргиевски и младиот афористичар Марјан Ангеловски. Целта ни е да ги посетиме нашите Македонци во оваа земја, но и да го промовираме творештвото на авторите на кратката литературна творба од Македонија, додаде Хаџи Ристески.
Според познатиот делчевски афористичар Миле Ѓорѓијоски, првпат се организира таква хумористично- сатирична турнеја со македонски автори.
- Ова ќе бидат вечери на македонскиот хумор и сатира, главно наменети за Македонците во Србија, но и за нашите пријатели од оваа соседна земја. Јас сум 40 години во сатирата и прв пат се организира една ваква манифестација, каде наши автори ќе бидат десеттина дена присутни во Србија и каде ќе имаат можност да го претстават своето творештво. Планирам покрај моите афоризми, пред публиката да го претставам творештвото и на други познати македонски афористичари, додаде Ѓорѓијоски.
Турнејата почнува од 10 номеври со промоцијата на македонскиот афоризам и карикатура во Ваљево. Инаку, на вечерите на македонскиот афоризам ќе биде промовирана книгата „3М“ специјално работена за оваа турнеја, како и двојазичното издание на „Балканската трансферзала“, каде се застапени и бардовите на српскиот афоризам.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со сончеви периоди, од недела повремени локални врнежи од дожд
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
