Македонија
21. August 2017 - 20:25

Македонската влада сака да гради добрососедски односи

Македонија ќе гласа за членството на Косово во УНЕСКО имајќи ги пред вид позициите на мнозинството земји членки на Европската унија, но таа останува посветена на пријателските односи со сите соседни земји, вклучително и со Србија. Ова е првичната реакцијата на македонската Влада откако вчера доцна попладне српската амбсадорка  заедно со целиот персонал во амбсадата го напушти објектот и замина во Белград, а неофицијалните информации говреа дека токму македонските позции за Косово пред Унеско се причина за ваквиот чин.

По највите на српските власти дека оваа дипломатска активност е направена поради јасни докази на засилено офанзивно разузнавачко делување кон Република Србија и нејзината амабсада, но и дека персоналот во амбсадата набврзо ќе се врати, стигна и официјалната реакцијата од македонската страна.

„Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји. Новата Влада на Република Македонија е цврсто посветена и презема интензивни чекори во насока на решавање наспроти создавање проблеми, унапредувајќи ги добрососедството, соработката и партнерството со Република Србија, како и со другите земји од опкружувањето. Убедени сме дека тоа е единствениот начин регионот одлучно да зачекори напред. Во врска со конкретниот случај, не носејќи избрзани заклучоци, ги поздравуваме најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки“., стови во владиното соопштение.

Претходно од Владата и покрај исцртаните позициии за Косово повторија и дека „Кога постојат отворени сензитивни прашања помеѓу два наши соседа, Владата на Република Македонија секогаш ги следи интересите на државата базирани врз принципите на добрососедство, неутралност и немешање во споровите меѓу државите.

Инаку, од вчера српската а,мбсада е целосно затворена. Во неа нема никој. Прозорците се затемнети. Единствнео активнио е засиленото полициско обезбедување кое Макеоднија е должна да го обезбеди на странски објекрт согласно Виенската конвенција за дипломатски односи.