-->
-->
Македонската уметница Петра Јовановска изложува во Берлин
-->

„Каде исчезна мојот круг“ е наслов на изложбата на македонскиот уметник Петра Јовановска која што берлинската публика ќе може да ја види до 5 јуни во „Прима центарот“ во Берлин каде што вообичаено своите дела ги промовираат македонските уметници.
Изложбата, јаува дописникот на МИА, подготвена од Петра Јовановска е составена од концептулна презентација и инсталација на ликовни дела.
Авторката Петра Јовановска и во своето претставување пред берлинската публика се навраќа на геометрискиот облик кругот кој за неа има широка симболика и функција, а секогаш може да се најде во различна форма и улога. Според неа кругот како симбол на бесконечноста, на целината, е нешто што нема почеток ниту крај, и претставува симбол на постоењето, симбол на планетата, на сонцето, симбол на внатрешната слобода.
Делата на Јовановска се реализирани во повеќе ликовни техники: колаж, фотографија, цртеж, како и графичката техника сув печат.
Петра Јовановска е родена во Р. Чешка, а завршила на ФЛУ во Скопје, отсек графика. Досега реализирала триесетина самостојни изложби во Македонија, Чешка, Франција, Хрватска, Србија и Полска. Учестувала на над 180 групни изложби, како и на меѓународни ликовни колонии, симпозиуми, семинари а добитник е и на неколку награди во Македонија и во странство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
