Македонската туристичка понуда по втор пат пред потенцијалите француски туристи
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) во наредните три дена по втор пат ја промовира туристичката понуда на земјава на Саемот за туризам (IFTM TOP RESA 2016) во Париз, Франција.
Привлекувањето на туристи во оваа земја, информираат од АППТ, се одвива преку прилагодена туристичка понуда за детектираниот интерес кој е насочен кон недопрената природа и културата на земјава.
- Туристичката понуда на Македонија е во конкуренција со понудата од 1.700 тур – оператори од светот, а најголем е интересот од страна на младите парови, семејства и поединци. Интересот на француските туристи е најголем за авантурата, кратки посети на градови и култура, а својот одмор, неверојатни 70 отсто од француските туристи преферираат да го резервираат преку интернет, велат од АППТ.
Оттаму посочуваат дека на саемот за туризам во Франција, оствариле бројни состаноци на кои ја презентирале туристичката понуда на земјава и ги испитале можностите за соработка со Trip Advisor, Travel Magazines, Open2Europe, IndigoConsulting.
Ново на Сител
-
СДСМ: Зошто началничката на кочанската полиција не е опфатена со истрагата?
-
Судски не ја разгледал пресудата на Управен за уставната судијка Дуковска
-
Мицкоски: Не ме изненадуваат бугарските позиции
-
Јаневска: Контролите се засилени – учениците да не се обидуваат да препишуваат
-
Измени на Законот за работни односи
-
Неколку кандидати се борат за кандидатурата за Град Скопје во ВМРО-ДПМНЕ
-
80 години Државен завод за статистика
-
ВРЕДИ: 400 нови пожарникари