Македонија
10. April 2018 - 13:19

Македонската полиција уапси дилер: Го фатиле со екстази и марихуана

За време на празниците во Неготино бил приведено 27 годишно лице со екстази и марихуана, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.  
 
Неготинецот бил лишен од слобода на 7 април поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РМ. 
 
- При вршење на претрес на лицето пронајдени и одземени се 75 непознати таблети со триаголна форма во розова боја со лого „Мицубиши“ во парче од најлон кеса и најлон кеса со непозната растителна материја со зелена боја, појасни Додевски.
 
Лицето било задржано во ПС ОН Неготино се додека не заврши документирање и  расветлување на случајот.​