Македонската Опера одбележува 70 години постоење
Македонската Опера вечерва одржува гала оперски концерт со кој го прославува 70-тиот роденден и воедно ја почнува концертната сезона 2017/2018.
Со арии од познати опери на Пучини, Маскањи, Џордано и Масне и под диригентство на Бисера Чадловска, настапуваат солисти-првенци на Македонската опера и балет: Славица Петровска-Галиќ, Игор Дурловски, Наде Талевска, Марјан Јовановски, Ирена Кавкалевска, Павлина Новакова, Катарина Стојановска и Дарко Нешковски.
Пред почетокот на концертот по повод јубилејот се обратија заменик-министерот за култура Владимир Лазовски и в.д. директорот на МОБ Илија Рајковски.
Вечерашниот роденденски концерт има и втор дел – премиера на операта во еден чин „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи која била и прва оперска претстава во Македонија изведена на 9 мај 1947 година.
Режисер на вечерашната постановка е Џандоменико Вакари од Италија, а диригент - неговиот сонародник Џанлука Мартиненги. Сценограф е Зоран Николовски, костимите ги изработи Елена Дончева. Улогите ги толкуваат Весна Ѓиновска-Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Николина Јаневска и Марика Поповиќ. Првата реприза на новата „Кавалерија рустикана“ ќе биде во петок за отворањето на Есенските музички свечености.
Покрај седумдеценискиот јубилеј од постоењето, Операта годинава слави и 45 години од фестивалот Мајски оперски вечери
Ново на Сител
-
Тошковски и Ангелов извршија увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на с. Зеленград, пробиштипско
-
Куманово: Приведен крадец кој нападнал постаро лице на постојка
-
Србија испрати хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ за гаснење пожар во државата
-
Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско
-
Ангелов: Пожарот во Косел е реактивиран
-
Исчезнатата Клара е најдена
-
Експлодира мина во српската фабрика Крушик: Осум лица се повредени, од кои едно потешко
-
Ангелов: Од 40 пожари во последните 24 часа моентално активни се девет