Македонската надрилекарка под истрага – нудела белило како лек за деца
Според српски Блиц во Јавното обвинителство и во полицијата се пријавиле десет лица кои ја обвииваат Слаѓана Велков за шарлатанство и лажно претставување.
Обвинителството за високо – технолошки криминал започнало со постапка против самопрогласенатата лекарка и ќе им наложат бна вештаци и експерти да го испитаат лекот кој истражителите го прибавиле, а кој се нуди како лек. Тие ќе го проверати, а исто така ќе ја испитаат и наводна диплома, која што таа ја поседува во од Македонија.
– Обвинителството и полицијата биле во контакт со луѓе кои имаат здравствени проблеми по преземањето хемикалијата MMS, која Слаѓана Велков ја претставува како лек за разни болести, вклучувајќи аутизам кај децата. Според првичните наоди, хемикалијата при реакција има истите својства како белило, кое е многу штетно за здравјето на луѓето – вели изворот за “Блиц” запознаен со податоците од истрагата.
Според изворот, во исто време ќе се проверува и дипломата на Велков на која таа се повикува.
– Во овој случај тоа е од суштинско значење за да се провери наводната диплома и сертификатот. Човек не може да оди на курс и да реч дека е лекар. Тоа е од суштинско значење за граѓаните да бидат внимателни кога некој нуди нешто преку интернет, како лек – вели нашиот извор
Кога ќе биде готова експертиза и по прибавувањето на документација за нејзината наводна диплома, како што дознава “Блиц”, обвинитрелството за вискоко -технолошкит криминал ќе покрене предистражната постапка и ќе покрене постапка против надрилекраката Слаѓана Велков.
Обвинителството, инаку, ги повикува сите граѓани кои зеле од препаратот кој го рекламира Слаѓана Велков и имаат проблеми, да им се обратат.
CD протоколот кој го препорачува Слаѓана Велков претставува пиење на натриум хлорит (MMS), кој во киселата средина во стомакот ослободува хлор диоксид, отров од прв.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица